Компјутерска томографија

Врвни услуги од современата медицина

Што е компјутерска томографија и кои се индикациите за КТ?

Компјутерска томографија претставува врвна дијагностичка процедура за дијагностицирање на многу болести. Индикација за преглед со компјутерска томографија се болести на мозочен паренхим (крварења, аневризми, инфаркти), сите болести на белите дробови и медијастинум, на панкреас, хепар, бубрези и мала карлица, како и болести на крвни садови и на скелетен систем (рбет, колена, колкови). 

На кои делови од телото може да се прави компјутерска томографија?

  1. Компјутерска томографија на глава
  2. Компјутерска томографија на параназални синуси
  3. Компјутерска томографија на торакс и бели дробови 
  4. Компјутерска томографија на абдомен
  5. Компјутерска томографија на абдомен со контраст
  6. Компјутерска томографија на мала карлица 
  7. Компјутерска томографија на скелет
  8. Компјутерска томографија на рбетен столб
  9. Компјутерска томографија на зглобови
  10. Компјутерска томографија на мускуло скелтен систем 
  11. Компјутерска томографија урографија
  12. Компјутерска томографија на уринарно - генитален тракт 

Каков апарат за компјутерска томографија користиме ние во MedX?

МЕД-Х дијагностика располага со високософистициран апарат за компјутерска томографија - Siemens, со комплексна детекција на сите промени во телото, со можност за реконструктивен тродимензионален приказ на истите.

Процедурата на снимање е брза, комфорна, прегледот се врши класично, по потреба со давање на контрастно средство. Персоналот е високоедуциран и секогаш во соработка со пациентот.

Тагови: компјутерска томографија скопје, компјутерска томографија цена, kompjuterska tomografija, kompjuterska tomografija skopje